Автомобил влета во двор во скопски Капиштец

Од:

Патнички автомобил утрово излета од патот и „слета“ во куќа спроти црквата „Свети Јован“ во скопската населба Капиштец, пренесе Сител.

Полицијата направи увид на теренот, а засега не се познати причините за инцидентот.

Нема информации за повредени и за причинета штета.