Траектот со сириски бегалци пристигна во Пиреја

Од:

Неколку илјади сириски бегалци пристигнаа денеска со траектот Елефтерос Венизелос во Пиреја во Атина, во обид да го продолжат својот пат кон северна Европа.

Грчката Влада изнајми траект за да ги префрли мигрантите кои пристигнаа од Турција на јужни грчки острови, и да им овозможи да продолжат кон своите конечни одредишта.

Околу 3.000 лица, воглавно Сиријци денеска беа во Пиреја, среќни што се на чекор поблизу до својата конечна дестинација, јавија западни медиуми.

– Минваме четири години војна во Сирија. Мојот најдобар пријател го разнесе бомба… се е подобро од тоа, вели Ламија, 21-годишна од Алепо.

Бегалците од Сирија најчесто патуваат со свото пошироко семејство, кое брои од десетина до 30 членови, а меѓу нив има и деца кои имаат само неколку месеци.