Граѓани од балкански држави бараат азил за да избегаат од сиромаштијата и економските проблеми

Од:

ДПА – Хамбург

Десетици илјади луѓе од Блискиот исток, централна Азија и Африка ја поплавија ЕУ годинава во желбата да избегаат од војните и тортурите во своите држави. Кон нив се придодаваат илјадници емигранти од Балканот, кои повеќе бегаат од економските проблеми отколку од насилства.

Во ноември 2011 година Германија ги прогласи Македонија, Босна и Србија за безбедни држави, што значи дека молбите за азил на нивните граѓани се сметаат за неосновани, освен ако тие можат да докажат дека се исправени пред заканата од тортура, независно од стабилните услови во земјата од која доаѓаат.

Бројот на луѓето кои бегаат од Балканот се намалува. Германски податоци покажуваат дека во првата половина од 2015 година 15,800 српски државјани и 6,700 македонци поднеле молби за азил во Германија. Уште повеќе пристигнале од поранешната српска провинција Косово, населена првенствено со Албанци, или 31,400 според ерманската служба за емиграција и азил.

За разлика од луѓето од Сирија или Авганистан, емигрантите од Балканот не бегаат од војна, туку од сиромаштија. Мнозина од тие балкански бегалци се сиромашни Роми, кои не се интегрирани во балканските општества. Според Лиатифе Сиковска, од македонската невладина организација Амбрела која им помага на Ромите, има околу пет илјади „невидливи“ роми меѓу 2,1 милиони Македонци. Малцинската грипа нема документи за идентификација и достап до сцијална помош, здравствени услуги, па дури ни образование, а уште помалку до работни места на официјалниот пазар на труд.

– Тие немаат перспектива тука, изјави за ДПА македонскиот пратеник и водечкиот ромски политичар Амди Бајрам.

Тоа ја прави лесна одлуката да избегаат во Германија, каде Ромите можат да поднесат молба за азил и да добијат малку пари, додека властите ги разгледуваат нивните случаи.

Етничките Албанци од Косово исто започнаа масовно да го напуштаат балканскиот регион на крајот од минатата година. Илир Деда, пратеник од косовската опозициска партија Самоопределување, рече дека косоварите на кои им е преку глава од постојаната сиромаштија, берзаботица и корупцијата, ги изгубиле излузите по изборите од пред една година. Во јуни 2014 година изборите на Косово доведоа до широка коалиција од политички противници и обичните луѓе во тоа видоа сигнал дека ништо нема да се промени кон подобро.

Етничките Албанци исто така ги напуштаат сиромашните реони во Плав и Гусиње во Црна Гора и со илјадници се селат во германската провинција Долна Саксонија, според локални инфорации од Црна Гора. Германските власти сеуште не ја потврдиле оваа информација.

Исто така има истекување на луѓе од Босна и Херцеговина, каде цели села останаа празни. Оваа трансформација не се регистрира во ЕУ, затоа што повеќето од оние кои ја напуштаат се првенствено етнички хрвати кои исто така имаат хрватски пасоши. Хрватска се приклучи кон ЕУ пред две години и нејзините граѓани можа слободно да патуваат во унијата.

Илјадници Македонци исто го користат тој чекор за да го искористат бугарското државјанство. Властите во балканските држави изгледаат незаинтересирано сериозно да се зафатат со тој проблем, велат германски дипломати од регионот. Националните влади треба да го подобрат животниот стандард и на тој начин да ги окуражат своите граѓани да останат дома, додаваат тие.