Од Европа за Америка: Вашата љубов кон клима уредите е глупава

Од:

Вашингтон пост – Вашингтон

Времето во Вашингтон, во Дистриктот Колумбија, и во Берлин, Германија, неодамна беше прилично слично. Но сепак има една забележтелна разлика помеѓу двете престолнини: со оглед на тоа што мнозина Американци најверојатно никогаш нема да размислуваат да живеат или работат во згради без клима уреди, многу Германци мислат дека животот без контрола на климата е далеку посупериорно.

Ова разлика не е ограничена само помеѓу Берлин и Вашингтон. Всушност, многу Европејци кои често ја посетуваат САД се жалат за „смрзнувачкото ладните“ температури во автобусите или хотелите. Американските туристи од друга страна на Атланскиот Океан сепак се затечени од способноста на Европејците да се справуваат со жештините, дури и на работните места или во приватните домови.

Севкупно, може со сигурност да се каже дека Европа смета оти љубовта на САД кон клима уредите е баш глупава. Веќе извесно време Европејците се чудат на ваквата посебна навлеченост на Американците: во 1992 година, Гвин Принс, професор на Универзитетот Кембриџ, ја нарече љубовта на Американците кон клима уредите „најуништувачката и најмалку забележаната епидемија“ во земјата, велат од Економист. А според Агенцијата за заштита на животата средина, ова станува се полошо: побарувачката во Америка за клима уредите во изминатата деценија уште повеќе се зголемила .

Оттогаш Америка е лидер во климатизирањето, а тоа е е водство со кое Американците и не треба да се гордеат. Според Кокс, истражувач кој со години го истражува внатрешно контролираното климатизирање на просториите, САД трошат повеќе енергија за климатизирање отколку која било друга земја во светот. Во многу делови од светот, недостигот од економски развој можеби е вината зошто се повеќе европајни им се исмеваат на Американците заради нивната љубов за ладење и заради недостигот од толеранција кон топлината.

Се разбира, северна Европа се уште се смета за постудена од повеќето региони во САД, а некои други земји, како Италија или Шпанија, од неодамна имаат зголемен интерес за клима уредите. „Во извесна смисла, необично е што во САД, која е богата нација, повеќето од луѓето живеат во многу топли и влажни региони“, одговори Кокс по имејл до Вашингтон пост. Сепак, неверојатно е разликите во просечните температури да бидат единствената причина за одбивноста на Европејците да купуваат разладни уреди. Тука станува збор и за културните разлики. Иако Американците сакаат просечни температури од околу 70 фаренхајти (21,1 целзиусови), за Европејците тие температури се престудени, вели Михаел Сивак од Универзитетот во Мичиген. „Американците сакаат да имаат иста температура во термометрите преку целата година. а наспроти тоа, Европејците сакаат термометрите да ги поставуваат на повисоки температура на лето и на пониски во зима. Заради тоа, кога се внатре Европејците носат џемпери во зима, додека Американците носат џемпери во лето“, изјави Сивак за Вашингтон пост.

Покрај ова, Европејците се понавикнати на потопли простории, затоа што повеќемината од нив израснале без клима уреди.

Друг фактор со кој могумина ги објаснуваат потсмевливите реакции на Европејците за ладењето на Американците е свесноста на климатските промени на континентот. Според едно истражување од 2014, мнозинството Европејци би поздравиле повеќе акции за сопирање на глобалното загревање. Две третини од сите граѓани на ЕУ рекле дека економиите треба да се транформираат во попријателски за животната средина. Ладењето троши многу повеќе енергија отколку греењето, па затоа многу Европејци повеќе сакаат да се потат неколку дена повеќе, отколку да продолжиме да страдаме под ефектите од глобалното загревање во иднина.

Се разбира, има предности во климатизираните простории, кои дури и Европејците можат лесно да го прифатат: повеќе истражувања јасно покажуваат дека ладењето ја подобрува ефикасноста на работата во лето, како и го подобрува спиење, па дури и ја намалува смртноста. Па зошто Европејците толку лесно би ги отфрлиле таквите удобства?

Излегува дека одбивањето на климатизирањето не значи дека некој треба да се поти. Европските регулативи ги тераат компаниите да ги изведуваат своите работни простории со повеќе енергија – ефикасно, пишуваше Њујорк тајмс. На пример, ладниот воздух може да биде впумпа од долу, а ѕидовите да бидат направени поотпорни на топлината од надвор: се сеќавате на оние дебели цигли со кои се изградени европските куќи?

Покрај ова, климатизацијата во САД можеби има поиндиректни, но без разлика на тоа и поопасни влијанија: додека Европејците едноставно прифатиле постоењето на врели денови и ноќи, американските архитекти притискаат за забрана на балкони и тремови во многу работни простории и бараат пониски тавани за студениот воздух да се задржи внатре што е можно повеќе, велат од Економист. Со други зборови, кога се Америанците попродуктувни на работа благодарение на клима уредите, постои голема веројатност да бидат и под поголем стрес.

На долг рок, зависноста на Америка од клима уредите може исто така да има негативен ефект: ќе и биде потешко на САД да побара од другите држави да продолжат да апстинираат од нивно користење за да се заштеди енергија.

– Резултатот е што Америка е голема, богата и врела земја, изјави Коск за Пост. „Но ако втората, третата или четвртата по број на население земја – Индија, Индонезија и Бразил, сите топли и влажни – треба да користат онолку енергија по глава на жител за климатизација како што го прави тоа САД, тоа ќе бара 100 проценти од електричните капацитети на земјите, плус сета струја произведена во Мексико, Велика Британија и целиот африкански континент, додаде тој.

Тоа воопшто не е неостварливо сценарио: во 2007 само 2 проценти од домаќинствата во Индија имале клима уреди, но оттогаш таа бројка експлозивно пораснала. „Порастот на влијателната градска класа притиска за поголема употреба на клима уредите, објаснува Кокс.

– Ако секој треба да го прифати климатизираниот животен стил на Американците, употребата на струја би требало да порасне за десет пати до 2050 година, додава Кокс повикувајќи се на 87-те проценти употреба на клима уреди во домаќинствата во САД. Со оглед на тоа што градовите кои процветуваат во светот се во тропските области и дека ниту еден од нив досега беневолентно не го прифатил европскиот пристап за климатизацијата, ваквите калкулации треба да ги подигнат оправданите грижи.