Велосипедист кој прегази тригодишно девојче, а потоа го влечеше по улица во судот призна дека несовесно возел и ја прифати казната која што му беше одредена.
По инцидентот кој се случи во Блекпул, Англија, несовесниот велосипедист не застана туку избега во непознат правец.
Меѓутоа, него го снимаше сигурносна камера од семејната куќа на девојчето, чија мајка снимката ја објави на социјалните мрежи.
Многу брзо, мајката беше информирана дека се работи за 24 годишниот Ендру Холанд, против кого веднаш поднесе тужба.
Судот на Холанд му одреди да плати отштета од 829 фунти, плус казна за сообраќаен прекршок.