Проблемите со надуен стомак се честа појава. Но конечно решение за овој проблем се крие во чашата со најздравата вода. Чашата со обична вода треба само да се надополни со витамински додаток и проблемот е решен.
Водата е составен дел од нашето тело и затоа е важно редовно да се пие и во доволни количини. Препорачана доза е 8 чаши на ден, и иако секој организам е различен и има различни потреби, сепак ова правило не смее да се игнорира.
Но пиењето вода може да биде уште покорисно, посебно ако на телото му се дадат потребните електролити и витамини и доколку има потреба да се справите со надуеноста.
Состојки
-стаклен сад од 3 литри
-2 литри вода
-1 лажица изрендан ѓумбир
-1 краставица од средна големина
-1 лимон од средна големина
-12 листови свежо нане
Подготовка:
1. Краставицата треба добро да се измие и да се исече на тенки парчиња, истото треба да се направи и со лимонот
2. Свежиот ѓумбир треба да се излупи и да се изренда и да се стави со сите други состојки во стаклениот сад
3. Состојките треба да се прелијат со вода, да се промешаат и да се стави стаклениот сад во фрижидер преку ноќта
4. Чаша од оваа вода се пие наутро, а и секогаш кога ќе почувствувате жед