Ердоган во ненајавена посета на Пакистан побара поддршка во борбата против ИД

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара поддршка од лидерите на другите муслимански држави во офанзивата против џихадистичката Исламска држава. Тој бара да се затворат каналите и патиштата по кои екстремистите пристигнуваат во Турција, изјави неименуван пакистански претставник.

Тој тврди дека Ердоган побарал помош од лидерите на Индонезија, на Малезија и на Пакистан. Турскиот претседател по посетата на Индонезија синоќа го посети Пакистан и имаше средба со премиерот Наваз Шариф.

Ненајавената посета се случува неколку дена откако турски воени авиони почнаа напади врз позициите на ИД во Сирија.

Владата на Ердоган често е критикувана дека ги толерира илјадниците екстремисти од целиот свет кои преку Турција пристигнуваат на боиштата во Сирија и во Ирак.

Според неименуваниот пакистански претставник Ердоган е одлучен да ја ослободи Турција од заканата од исламсклиот екстремизам.