Се преврте автомобил на патот Скопје – Тетово, шестмина во болница

Од:

Шест лица, меѓу кои две деца беа повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладнето на патот Скопје – Тетово.

Возилото со неготински регистарски таблички излетало од патот од засега непознати причини.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а повредените лица биле пренесени во скопските клиники.