Освен без вода, деновиве битолчани остануваат и без „филмскиот град“. На локацијата на „филмскиот град“ во старата касарна, започнатата градба се руши, рече Благојче Котески, советник од редовиите на СДСМ.
За овај проект “Битола – филмски град“, градоначалникот Талески најави дека ќе бидат потрошени 1.600.000,00 евра.
Владимир Талески мора да излезе пред битолчани и да каже колку пари на граѓаните се потрошени, што сега одат во неповрат.
Овај проект беше најавен како дел од урбанистичкиот план за старата Касарна.
Според достапните информации, „филмскиот град“ се руши бидејки бил поставен надвор од урбанистичкиот план. На локацијата е предвиден пат.
Дали е тоа точно?
Ако е точно како може да е направен таков сериозен превид?
За ова одговорност мора да има, а Талески и оној кој го направил превидот бараме да ги врати во буџетската каса парите на битолчани.
Рушењето на “филмскиот град“ во Битола е уште еден доказ за крајот на филмовите на Груевски и неговите соработници.
Како партија, којашто ги почитува културните вредности на Битола работиме во насока на враќање на вистинските вредности и потреби на нашиот град и нема да дозволиме да продолжи расипничкото владеење.
Дозволете, на крајот, во тој дух на негување на културните вредности и придобивки, во името на советничката група и на општинската организација на СДСМ во Битола, на сите граѓани да им го честитам големиот празник ИЛИНДЕН!
Ви посакувамe убави празнични денови!