Истрели за старт на ловната сезона ги вознемирија кумановчани

Од:

Утрово во 6:30 истрели од огнено оружје ги вознемирија кумановчани. Во недостаток на официјално известување, првичните информации беа дека се работи за антитерористичка акција, а истрелите доаѓаа од липковскиот реон. Полицијата првично немаше информации за што се работи.

– Уживајте народе, нема ништо од тоа што се шпекулира. Сценарио како во Куманово тука нема да им успее. Срам да им е на МВР, напиша Абедин Зимбери во коментар на Фејсбук.

Според најновите информации се работи за пукање од огнено оружје како знак за почеток на ловната сезона на која се поканети и ловечки друштва од регионот.