Вучиќ ќе оди во Албанија за фудбалскиот натпревар со Србија

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ во интервју за германскиот дневен весник „Зидојче Цајтунг“ потврди дека ќе оди во Албанија за да го следи реванш натпреварот меѓу фудбалските репрезенатции на Албанија и Србија, во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2016 година.

Вучиќ во интервјуто, меѓу другото, вели дека незвисно од тоа што неговата држава не го признава Косово, тоа не го спречува регионот да ја зачува стабилноста.

Запрашан дали ќе организира реферндум за уставни измени за статусот на Косово, Вучиќ вели дека српскиот народ никогаш не би се согласил со тоа.

– Според Уставот на Србија, Косово е дел од Србија. На ова поинаку се гледа од страна на Албанците во Косово, кои веруваат дека Косово е независна држава, изјави Вучиќ

Според него, односите меѓу страните не се загрозени ниту поради подобрувањето на односите на Србија со Албанија.

Осврнувајќи се на посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Белград, веднаш по инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија, тој ја оцени како пример за „подобрување на климата на Балканот“.

Во врска со односите на Србија со Москва, Вучиќ тој вели дека неговата земја е заинтересирана да стане дел од ЕУ и додава дека тоа отворено му го кажал и на претседателот на Русија.

Запрашан околу големиот број српски државјани кои бараат азил во западноевропските земји, посебно Германија, Вучиќ одговора дека станува збор главно за српски државјани од ромска националност кои „во Германија не одат за азил, туку за парите на Германија“. Тој уште додава дека „Србите не се ниту расисти, ниту националисти“.

– Ние на нашите граѓани им озовможуваме еднакви можности, вели Вучиќ во интервјуто за германскиот весник.