Тригодишно дете загина вечерва околу 19:30 часот на регионалниот пат Штип-Радовиш, кај градските гробишта во Штип.
Основниот јавен обвинител Јован Ѓурков рече дека несреќата се случила околу 19:30 часот кога тригодишниот Х.Ј. бил на гробиштата заедно со родителите, но во критичниот момент се истргнал од рацете на 12 – годишната сестра и го претрчал регионалниот пат Штип – Радовиш. Во тој момент на патот минувал автомобил „Голф“ со штипски регистерски таблички, кој директно удрил во детето.
Телото на детето е предадено на обдукција. На лице место на возачот му е направен алкотест, кој покажал дека тој не е во алкохолизирана состојба.
Јавниот обвинител и полицијата се се уште на местото на несреќата.
Сообраќајот на влезот во Штип се одвива во една сообраќајна лента.