Сообраќајна несреќа се случи синоќа околу 11 часот на булеварот Кузман Јосифовски-Питу кај стоковната куќа „Скопјанка“, кога еден мотоциклист со голема брзина удри во возач на велосипед, пренесе порталот Кирилица.
Велосипедистот го поминувал пешачкиот премин, а два автомобили застанале и го чекале да помине.
Додека ја поминувал третата лента, во него со голема брзина удрил моторот и го отфрлил неколку метри. Од падот и двајцата учесници во несреќата останале да лежат неколку минути на асфалтот, додека не пристигнало возило на Итната медицинска помош.
Лекарите им пружиле итна помош и ги одвеле во ургентен центар.