Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во досегашното расветлување на настанот од 9. мај годинава кој се случи кај кумановско Диво насеље, прибра дел од доказите, соопшти денеска Службата за односи со јавноста на Јавното обвинителство на Република Македонија.
– Обвинителството ја заврши и постапката за идентификација на осомничените која ја спроведуваше преку меѓународна правна помош. Преку меѓународна правна помош е започната и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица, како и постапка за собирање докази во предметот. Прибавено е криминалистичко – техничко вештачење на предметите и трагите прибрани од лице место по извршениот увид, се појаснува во соопштението.
Надлежното обвинителство, се посочува, продолжува континуирано со преземање дејствија и мерки со цел утврдување на факти во предметот и на кривичната одговорност на сторителите.
Во тек е сослушување на сведоци и осомничени во предметот.