Работнички ја совлада Јелгава со 2:0, резултат што беше доволен за пласман во третото коло од квалификаците за Лига Европа и двомеч со турскиот гигант Трабзон.
Изјава за медиумите по мечот даде Игор Ангеловски тренерот на Работнички: – Среќен сум што остваривме уште еден историски пласман. Бев самоуверен пред натпреварот, еве видовте и денеска какви фудбалери имам. Секогаш во изминативе две години излегуваме како победници. Ова за нас е огромен успех, без разлика како одигравме. Уште на првиот натпревар имавме шанси да извлечеме поволен резултат, но еве и на реваншот беше доволно за да минеме понатаму, изјави Ангеловски.
– Искрено не размислувавме за Трабзонспор, ова за нас беше меч од историско значење. Тоа е тим кој секогаш во врвот на турскиот фудбал, рамо до рамо со гигантите како Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ. Има екстра играчи како Оскар Кардозо, Босингва и други. Работнички кога не е фаворит секогаш игра подобро. Очекувам подобра игра, не дека ова е закана за Трабзонспор, но ние подобро играме кога сме без притисок, заврши тренерот на Работнички.