(ФОТО) Се сечат дрвја од парк во Драчево – некој ќе се топли зимава

Од:

Се сечат дрвја од парк во зграда во Драчево, за да се има за греење зимава.

Станарите на зграда во Драчево реагираат дека не можат да спречат да се сечат дрвјата, а немало реакција ниту од надлежните каде што побарале помош.

– Се работи за крадење на дрвја позади зградата која се наоѓа во населба Драчево. Дрвјата се огромни и тоа е парк, односно беше парк пред да го уништат, реагираат тие.

DSC_0081

Тие се јавиле и во полиција, меѓутоа според жителите на Драчево им кажале дека имаат побитни работи.

Ваквата реакција и не зачудува откако целиот град остана без дрвја.

DSC_0084