Денеска и утре, во Галичник традиционално ќе се одржи 42. Галичка свадба.
Годинешни младенци се Билјана Геговска, која потекнува од старо галичко семејство и Филип Белчев.
Организаторите и годинава очекуваат голем број посетители од земјава и од странство да ја проследат манифестацијата.
Галичката свадба иманад 30 свадбени обичаи, карактеристични за мијачкиот крај
Свадбата ќе започне вечер во 19 часот со китење и редење на бајракот, а потоа ќеќе бидат изведени и „Свекрвино оро“ и „Тешкото оро“ .
Со „канење“ на мртвите започнува вториот ден од свеченостите. Венчавањето на младенците ќе се одржи во црквата „Св. Петар и Павле“.