Во зградата на Министерството за финансии една од просториите ќе биде наменета за дневно згрижување на најмладите.
Според огласите на Министерството се прават подготовки за отворање на градинка, по се изгледа наменета за вработените кои имаат деца.
По вежбањето јога во рамки на работното време, ова е уште една новина по која работењето во Министерството за финансии се разликува од другите институции.
Планирано е да се потрошат околу еден милион денари за опремување на градинката.
Околу 630.000 денари ќе чини набавката на мебел за овој оддел, околу 250.000 денари ќе бидат потрошени за набавка на постелнина и плус 100.000 денари за препарати за домаќинство.
