ФОТО: Се преврте камион на автопатот Неготино – Градско

Од:

На социјална мрежа Фејсбук, поточно на Ѕидот на сообраќајниот срам се појавија слики каде се гледа превртен камион.

Според информациите несреќата се случила на патниот правец Неготино – Градско пред наплатната рампа. Причината за немилиот настан засега е непозната.