А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Савевски: ЕУ ги разочара македонските граѓани и покажа дека демократија е празен збор

by А1он12/06/2015 - 12:5361
Share0

Со својот индиферентен и квази-демократичен став кон политичката криза во Македонија, Европската унија ги разочара македонските граѓани, пишува на својот фејсбук профил професорот и член на „Солидарност“, Здравко Савевски.

Добивај вести на вибер

Со своето посредништво во политичката криза, вели тој, ЕУ покажа дека демократијата е само празен збор за Унијата, бидејќи го игнорира автократското владеење на актуелната влада.

„Сакам да го коментирам ставот на Европската унија кон македонската криза. ЕУ ги разочара македонските граѓани во изминатиот период. Не само што ја наруши својата слика, туку можеме и јасно да видиме дека демократијата е само празен збора за европската бирократија. Демократијата е укината во Македонија, а ЕУ предлага само класични решенија за кризата: ќе направиш отстапка, а потоа ќе направиш уште поголема отстапка. Во Македонија немаме две партии кои се борат за власт, туку имаме граѓански револт против авторитарна влада! Тоа е лесно да се увиди.. ако сте загрижени за демократија. Ако не сте, тогаш можете лесно да дојдете до класично разрешување на конфликтот. Но ЕУ треба да биде свесна дека ако оваа авторитарна власт не си замине, голем број од македонските граѓани ќе имигрираат во ЕУ (и земјите членки ќе си имаат работа со повеќе имигранти), Груевски, пак, ќе ја преориентира Македонија кон путинова Русија. Тогаш ЕУ ќе се прашува како се случи да ја изгуби Македонија од Русија. Во геополитичката игра ние не сме толку безначајни, ЕУ ќе ја научи оваа лекција на полесен или потежок начин“, пишува Савевски.

11349820_10204311810619687_1997669966_n

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен