Кичевец го убил братот и ја ранил снаата

Од:

Кичевец кој имал упат за психичко лекување во установа, во средата попладне го убил својот брат и ја ранил неговата снаа со нож.

Четириесет идвегодишниот жител на кичевското село Другово во средата околу 16 часот го забележал неговиот брат и снаата на плоштадот во Кичево. Им се приближил од зад грб и извадил нож и го прободел четири години постариот брат во пределот на вратот и лицето.

Потоа, со ножот ја нападнал и снаата нанесувајќи и неколку убоди во левото рамо. Братот им подлегнал на повредите, а снаата успеала да се спаси.

Напаѓачот веднаш избегал, но набргу бил најден скриен во куќа во Кичево и веднаш бил приведен.

Напаѓачот имал нарушено психичко здравје и нервна раздразнетост. Во 2007 година Основниот суд од Кичево му изрекол мерка упатување во установа за лекување. Против него е поднесена кривична пријава за „убиство“ и „убиство во обид“, а ножот и други предмети најдени на лице место се однесени на вештачење.