ФОТО: Автобус на „Галеб“ излета кај Елешец

Од:

Автобус на „Галеб“ Охрид се излизгал попладнево на регионалниот пат Охрид – Св. Наум пoсле Авто кампот „Елешец“. За среќа во незгодата нема повредени.

Од „Галеб“ велат дека причина за незгодата бил лизгавиот коловоз на кој имало излеана нафта.

-Им се извинуваме на нашите ценети патници за непријатноста. Безбедноста на патниците е приоритет на „Галеб“, но за жал лошите услови на патот предизвикаа незгода во која за среќа нема повредени, – изјавија од компанијата.