Двесте мигранти симнати од воз на станицата во Велес

Од:

Околу двесте мигранти во неделата вечерта биле симнати од воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, на железничката станица во Велес, јавува Нова ТВ.

Повеќето мигранти биле од Сирија, на возраст 18 до 30 години, а меѓу нив имало и неколку девојки.

Се очекува мигрантите да бидат препратени до Регионалниот центар „Југ“ од Кавадарци кој е надлежен за обезбедување на јужната граница. И покрај нивното враќање до грчката граница, мигрантите секојдневно влегуваат во Македонија и бараат начин преку Србија да заминат во западна Европа.