Повредени 18 мигранти во сообраќајка кај велешко Венуле

Од:

Осумнаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу полноќ на патот Градско – Велес во близина на месноста Венуле.

Повредените мигранти, кои биле превезувани во патничко комбе, се пренесени во Велешката болница. Двајца од мигрантите се со тешки телесни повреди.

Возачот на патничкото комбе е приведен на испитување во велешката полиција.