Се урива нова фонтана во Прилеп за да му се направи споменик на Крали Марко

Од:

Прилепските локални власти за да постават споменик на Крал Марко, ја срушија фонтаната на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ која ја изградија пред само 7 години!

Според директорот на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови (ЈП за ПУП) Бранко Нешкоски, фонтаната се урнала затоа што, како што рече, „ја нарушувала визурата на Градскиот саат“, пренесе Револуционер.

Причина за уривање на фонтаната е што на тоа место треба да се постави споменик на Крал Марко!

Во известувањето на јавното претпријатие по однос на носењето Одлука за подигање спомен-обележје на Крал Марко пишува:

„Во рамките на овој проект се предвидува и рушење на постојната фонтана на ЈКП „Водовод и канализација“ и поплочување со гранитни плочки во постојниот манир“.