А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски се сретна со претставниците на Парламентарното собрание на ОБСЕ

by А1он05/06/2015 - 16:2573
Share0

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, Роберто Батели и специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Виена, Андреас Нотеле. 

Добивај вести на вибер

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, е констатиран позитивен развој на соработката меѓу Македонија и ОБСЕ. Премиерот Груевски се заблагодари и ја поздрави активната улога на ОБСЕ во реализацијата на реформите и мерките што се насочени кон реализација на стратешките цели.

Груевски истакна дека темелна определба на Република Македонија е членството во ЕУ и НАТО, на чија реализација Владата работи на исполнување на активностите и мерките од пристапниот процес. Тој посочи дека Владата ќе продолжи со посветена работа за унапредување на стандардите во секоја општествена сфера и унапредување на можностите за сите граѓани и нивниот стандард.

На средбата стана збор и за актуелната политичка состојба во земјата, при што соговорниците истакнаа дека е потребно одговорно однесување, отворен ангажман на субјектите при што се констатира потребата и очекувањата за нејзино брзо надминување. Претставниците на ОБСЕ ги поздравија напорите за решавање на политичката криза, како и дијалогот кој се одвива во тој правец.

Потенцирано е дека соработката меѓу Република Македонија и ОБСЕ ќе продолжи во сите сфери од взаемен интерес и од интерес за граѓаните на земјата. 

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен