(ВИДЕО) „Жените не се машини за раѓање!“

Од:

Во кампот на слободата пред Владата на Република Македонија со почеток во 18 часот се одржа дискусија на тема „Жените не се машини за раѓање!“, на која модераторка и беше Маринела Маричиќ – Тушева од СДСМ, а зборуваа заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, како и Дамјан Здравев, извршен директор на Реактор-истражување во акција, Љатифа Шиковска, граѓанска активистка за унапредување на правата на ромската заедница, Магдалена Несторовска, координаторка на Советничка група на СДСМ во Општина Карпош, Драшко Костовски, програмски директор на ХЕРА.