Рама и Вучиќ се заложија за подобрување на меѓусебните односи

Од:

Премиерот на Албанија и на Србија, Еди Рама и Александар Вучиќ на денешната средба во Тирана се согласија дека меѓусебните разлики треба да се решаваат со дијалог.

Албанскиот премиер Рама денеска дека се дава можност на Албанците и Србите за доброто на своите држави и целиот регион, да го направат она што Германците го направија за себе по Втората светска војна. Рама тоа го нагласи во заедничкото обраќање со премерот на Србија Вучиќ, јави Танјуг.

– Тоа што сепак имаме различни ставови за некои работи не значи дека не сме свесни за фактот дека двете држави играат значителна улога во зачувување на мирот, рече Рама.

Албанскиот премиер наведе дека верува оти заедно ќе успеат да ги унапредат односите и да спроведуваат агенда за регион без граници.

– Се надевам дека заедно ќе тргнеме понатаму на патот кон Европската унија, потенцира Рама.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ истакна дека Србија и Албанија, без оглед на различните ставови кон Косово, не треба да ги заоструваат меѓусебните односи, туку треба да ги почитуваат разликите и да изнајдат заеднички јазик.

– Факт е дека не се согласуваме околу Косово и Метохија. Србија ќе го третира и ќе продолжи да го третира како составен дел, додека Албанија го третира Косово како независна држава, наведе Вучиќ.

Српскиот премиер посочи дека двата народи се соседи и така ќе останат, па затоа сите проблеми треба да ги решаваат со дијалог.

– Односот на Србија и Албанија е важен за Балканот. Односите секогаш можат да бидат подобри, потенцира Вучиќ.