Уметничка работилница пред Влада

Од:

Уметниците денес, со почеток од 16 часот, ја продолжуваат уметничката работилница „Боите на слободата“. Колонијата која се одржува во кампот пред Владата ќе заврши вечер на полноќ.

Вчера со свој уметнички перформанс настапи Валентин Димановски, кој за ЦИВИЛ Медиа изјави дека пораката е да се постават боите на единството на братството и слободата. Тој направи една комбинација од две познати слики од историјата на француското сликарство, „Доручекот на трева“ од Мане и „Барикадата“ на Делекроа.

Изложбата ќе се отвори во вторник во 20 часот во самиот камп.