А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата ќе потроши речиси половина милион евра за да ги научи граѓаните како да пијат лекови?!

by А1он23/05/2015 - 11:0596
Share0

Генералниот секретаријат на Владата ќе потроши 468.000 евра за нова кампања, со која, има за цел да ја подигне свеста на граѓаните за рационална употреба на лекови, пишува Фокус.

Добивај вести на вибер

Владата за реализација на кампањата склучила три договори со маркетинг агенции, кои утрово беа објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки. Маркетинг агенциите се задолжени во рок од шест месеци да изработат лого, идејно решение, идеји за реклами кои ќе се имитуваат на радијата и телевизиите, да осмислат плакати за на билборди, а и да закупат медиумски простор за реклама.

Тендерите ги добија маркетинг агенциите „Маркет Висион“, во вредност од 125.552 евра, „Омега комуникејшн“, во вредност од 236.000 евра и агенцијата „Аквариус дизајн“, која од колачот ќе добие 106.545 евра.

Во текот на изминатите години Владата потроши десетици милиони евра за слични медиумски кампањи со кои го „учеше“ граѓаните како да се хранат, како да бидат добри домаќини, да читаат книги, да градат соживот, итн.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен