Сашо Политико нападнат со шипки вечерва

Од:

Саше Ивановски – Политико вечерва бил нападнат пред зградата каде што живее од двајца маскирани со шипки.

Тој бил удиран по главата, рацете и грбот со шипки, од двајцата маскирани напаѓачи, по што му биле нанесени повреди.  Носел ташна и се бранел и бегал, меѓутоа бил на неколку места погоден и главата му била  раскрварена.

Тој повикал  брза помош и  е пренесен во градската болница.

-Поминав со неколку удари во глава, заминав од градската болница каде ми ставија неколку конци, рече Ивановски.