А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Барокот на Чаушевски ќе го замени зеленилото пред УКИМ

by А1он22/05/2015 - 16:26174
Share0

Објавени се идејните решенија за објектите кои ќе се изградат во зеленилото на кампусот факултети при УКИМ. Автор на решенијата е Жарко Чаушевски, најангажираниот архитект во проектот „Скопје 2014“ и најомилен на владејачката гарнитура која стои зад овие одлуки.
Според податоците од Бирото за јавни набавки се очекува дека изградбата на овие објекти ќе чини околу 13 милиони евра, како почетна сума. Идејните решенија се одликуваат со барокната стилистика во која доминираат античко-грчки столбови, куполи и первази.

Добивај вести на вибер

Во двете нови згради ќе бидат сместени Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, како и Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ). Дополнително ќе биде уреден просторот околу објектите, односно партерното уредување, а ќе бидат изградени и подземни гаражи.

image

Како второнаграден на конкурсот на кој беше избрано идејното решение, Чаушески, преку фирмата „Архитектоника“, доби 600.000 денари. Министерството за образование и наука сега го бара изведувачот кој ќе го добие тендерот за изведување на градежните работи. Фирмите имаат рок до 6-ти јули да ги достават понудите.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен