Зорица Заева, сопруга на лидерот на Македонската демократска опозиција, Зоран Заев излезе со жестока реакција до провладините медиуми кои сите по ред ја манипулираат македонската јавност дека таа и децата биле избегани од земјава, а тоа го поврзуваа со акцијата во Куманово.
– Како не ви е срам! Додека полицајци гинат, кумановци се плашат да излезат на улица, вие лажете за мене и моето семејство! Семејството на Зоран Заев не е испратено и не е избегано никаде се наоѓа во Струмица.
Ве повикувам, да дојдете во Струмица јас живеам на улица Младинска бр.257 и објаснете им на моите деца зошто толку плукате по нив и нивното семејство, порача Заева во својата порака на фејсбук профилот.