Со оглед на сериозноста на политичката криза постои опасност МАНУ да навлезе во политички игри и јавноста да протолкува дека Aкадемијата завзема една или друга страна а ние мора да внимаваме да се држиме подалеку од дневно политиканство, изјави за новото издание на емисијата “Тренд“, академик Таки Фити.
На прашањето “Дали МАНУ може да држи дистанца од една ваква сериозна политичка криза“, академик Фити оцени:
“Сигурно не можеме да се држиме настрана и треба индивидуално но и како Aкадемија да реагираме. Поголемиот дел од академиците веќе се согласуваат дека има прислушување во државата и дека со тоа се загрозуваат демократските и основните човекови права. Во првото соопштение што го испрати МАНУ, кое беше некако поблаго и малку критикувано во јавноста, посочивме дека институциите треба да ја разрешат кризата, нос ега е јасно дека тешко може да има институционална разрешница, со оглед на капацитетот на институциите. Смета дека најпрво ќе биде потребна политичка разврска“, вели академик Фити.
Во интервју за 24 Вести анализира дека Македонија на среден рок ќе се соочи со опасноста од зголемување на даноци и од притисокот да се намалат буџетските трошења. Според професорот Фити, по најавите за зголемување на платите, социјалната помош, ученичките и студентските стипендии, ќе биде непоходно да се направи ребаланс на Буџетот за 2015 та година.
Амнестијата е опасно сценарио кое научно се нарекува ментален хазард и кое според Таки Фити може да испрати порака до некоја идна власт дека и таа може да смета на амнестија за сцоите дела.