Лебот во Охрид и Струга до крајот на октомври поскапува и до 30%?

Од:

До крајот на месецот лебот во Охрид и Струга ќе поскапи. Иако и сега охриѓани и стружани јадат најскап леб во Македонија, дополнителното зголемување на цената ќе предизвика удар врз џебот на граѓаните.Претседателот на Мeлничко пекарското здружение „Пекар“ – Охрид, Љупчо Настовски не ја исклучува можноста цената да се зголеми и за 30 %

„Цената на лебот ќе се зголеми. Дали ќе се зголеми за 30% или помалку, ќе зависи од поскапувањето на брашното. Пченицата се зголеми за цели 30%, а поскапувањето на лебот зависи од цената на основниот артикл во овој случај тоа е пченицата. До крај на месецов ќе се знае новата цена на лебот. Дали таа ќе биде за 15, 20 или 30% тоа ќе го кажеме по состанокот на сите пекари кој што треба да го одржиме.Лебот во Охрид држи највисока цена затоа што е со најголема грамажа“ додава Настоски

Настоски вели дека една од причините за покачувањето на цената е и далеку помалиот принос на пченица година за околу 30%, како и покачувањето на струјата.Од 2006 година поради нерентабилно работење 11 производители на леб во регионот на Охрид, Струга и Дебарца ставиле катанец на врата.Сега од некогашните 40 производители на леб и бели печива работат само дваесет и девет.