По 12 години Агрон Буџаку и Мери Николова ја крунисаа својата врска

Од:

Во сабота вечерта своето „да“ го кажаа амбасадорот на РМ во Франција, Агрон Буџаку, и Мери Николова. Освен што се славеше љубовта, се прослави и роденденот на нивната деветгодишна ќерка. Николова и Буџаку имаат и шестгодишен син, Марк.

Чинот се случи во еден скопски локал, а сведоци беа Каролина Калеовска, долгогодишна пријателка на Мери и Фисник Саричи, сведок од страната на Буџаку.

Николова вели дека нивната 12 и пол годишна врска ги победила сите предрасуди и табуа.

– Минав низ многу непријатни ситуации и моменти, но останав верна на своето срце и така ја сочував љубовта. Така е кога ќе наидеш на сродна душа, како што за мене е Агрон кој ме оплемени со својата смиреност, стабилност, џентлменство, особини што сите овие години беа светилници кои ми даваа сила, вели Николова.

10981614_815895041833592_9181188331238996680_n

11003_815894875166942_4906068367696953442_n