Успешно реализираната Женска Трка, во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје, по трет пат се оддржуваше во Градскиот Парк, со една и единствена цел: „Превенцијата од заболувањата започнете ја со вежбање”.
Тоа беше доволен мотив за илјада жени да трчаат на патеката полна здравје, иако дождот втора година по ред сакаше да им пркоси на дамите. Неуморни, полни со желба за победа и водење на здрав живот беше денешната порака која допре до сите оние кои се залагаат за своето здравје.
„Ова е начин на кој жените покажаа дека здравјето е нивен приоритет. Денешната Женска Трка со бројка од околу 1000 жени, беше доказ дека припадничките на понежниот пол кај нас знаат како да се грижат за своето здравје”, изјави Гордана Николовска од Сојуз на Спортови на Скопје.
„Овие жени кои денеска земаа учество во Женската Трка е успешна приказна која тие самите ја докажуваат за себе. Едно големо браво за сите девојки кои денес трчаа на патеката која за нив значеше здравје“, изјави Кире Синадиновски од Виз Ер Скопски Маратон.
Трката беше од ревијален карактер, со Аеробик час од 30 минути и 1000 метри патека за трчање значеше дека сите учеснички беа победници кои се залагаат за превенција од заболувања. Награди им беа доделени на најсреќните припаднички на понежниот пол кои беа извлечени на наградната игра по завршувањето на трката.





