Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјално видео со инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје.
Видео инсерти од исклучувањето во Македонија беа споделени и во друго, таканаречено „видео на моменти“, во кое освен исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј, се појавуваат и децата од интернационалната британска градинка во Македонија.
Во сите видеа, Македонија се појавува под своето уставно име.
– Ова е само доказ дека Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена. Во нашиот медиа центар пристигнаа над 2.000 фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата Република и ние сме навистина среќни што постигнавме толку голем успех. Ова немаше да биде успешно без поддршката на градот Скопје, Црвениот крст на Република Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕВН Македонија и Агенцијата за енергетика, изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.
