Во синоќешната емисија на радиото канал 103-ка директно можеше да се слушне за дрскоста и невидениот однос на обезбедувањето на МРТ-на водителот директно во емисија му бараше лична карта и да ја прекине програмата.
Обезбедувањето се слуша во програмата што одеше во живо дека ја спроведува наредбата на шефот и на најбеозбразен и дрзок начин на водителот му наредува да оди пред него и покрај тоа што веќе му даде лична карта и му објаснува дека се емитува програмата во живо.
Обезбедувањето упадна по поканата од радиото кое е сместено во МРТ до Стојанче Ангелов да биде гостин на емисијата, но обезбедувањето на влезот на телевизијата не го дозоволи тоа, со оглед дека за тоа треба претходна најава.