Денеска на прес конеференција градоначалникот на општина Центар објави снимени разговори за кои вели дака покажуваат како власта се обидувала на секој начин да ја украде победата во општина Центар.
„На Јанкуловска и било проблем да ги смести фантомските гласачи“, вели Жерновски.
Јанкуловска во снимка за која Жерновски посочи дека е разговор со Никола Тодоров вели дека од ДИК побарале информација за Центар и бидејќи тоа не им одговара, до крај на изборите да не се испрати одговор до ДИК.
Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Никола Тодоров
ГЈ: Уште една консултација со тебе. Ја на ДИК, она што ми бараа за избирачкиот список, не им го одговарам и сé уште им го немам одговорено за Центар, пошто…
НТ: Тоа што ни го наместија овие, мамето нивно.
ГЈ: Да. Пошто, како и да одговорам, не ни оди у прилог. Ја имам еден одговор округло па на ќоше, ама пак има, они со име и презиме ги бараат луѓево, знаеш. И има едно 50 луѓе за кои стварно, ништо не може да се измисли.
НТ: Хахаха, хахаха
ГЈ: Другиве нешто, ааа ууу, ааа ууу што, а овие мислам нема, шо и да кажеш, жив си фатен, хахаха, хахаха.
НТ:
ГЈ: Да. И сега ја мислам да не им одговорам до крај на избори, ќе им пуштам таму на 8-ми одговор некој, каков што ќе сметаме дека треба. Но има една друга работа. Овој Андреј Жерновски сега интензивно бара прием кај мене да разговарал за избирачкиот список.
НТ: Ти закажи му за 15 април, хахаха.
ГЈ: Не бе, не му закажувам. Јас очекувам он у понеделник да излезе и да каже, барав кај неа прием, или во текот на викендот, ама, пошто понеделник е работен ден, глупо е у недела да излезе за таква работа, ваљда не е толку глуп. А, нормално дека нема да му одговорам назад и ја ќе искомуницирам, или изјава ќе дадам, зависи како ќе ми се падне, или со соопштение, ако нешто друго неам у денот, дека апелираме до сите кандидати да не вршат притисок на МВР, не можеме да бидеме дел од нивната кампања и дрн, дрн.
НТ: МВР е професионална институција и надвор е…
ГЈ: Да, он сам ќе излезе и ќе каже, барав прием кај неа за избирачкиот, и пази, се претставува претседател на Либерална партија.
НТ: Аааа, големиот претседник.
ГЈ: Или, како му се вика, ЛДП. У тоа својство бара. Чекај бе, овакво, ти си кандидат за општина Центар. Ја планирам така, а денес не му одговарам. Денес се јавиле од Кабинетот кај него, не знам кој му е кабинет, жена му, гарант. И денес не му одговарам, а у понеделник ќе му одговорам така, и други кандидати барале средба…
НТ: Ние ќе го нападнеме денес јако, него, за некои станови таму.
ГЈ: Е па, нешто. Нешто, нагазете го, он да се правда.
НТ: Многу јако. Ќе го нагазиме од денеска, до таму негде, вторник, среда ќе биде под постава на паљба.
ГЈ: А, слушај, имам и уште една опција за него, зависи како ќе ми легне тој ден.
НТ: Аха.
Пошто он кажал дека бара средба за избирачкиот список, ја можам да му одговорам дека неговото барање е упатено на надлежната институција, Државна изборна комисија.
НТ: Да, така може.
ГЈ: Само, зависи како ќе ми одговара тој ден. Чим.
НТ: Уствари, знаеш што? Во рамки на проектот „ нема погрешна врата„ го препративме ова…хахаха.
ГЈ: Да, да, да. Нашето барање е препратено на надлежната институција за тоа прашање.
НТ: Да.
ГЈ: Зависи денот како ќе биде, знаеш, тоа е битно. Битно е да сме координирани.
НТ: Ние сеа ќе го запукаме, нема потреба да преземаш чекор, пред он да преземе.
ГЈ: Не, не, не. Ја го чекам он да искочи.
НТ: Кога ќе го запукаме сеа, денеска. Денеска, утре он ќе се правда и недела исто. Понеделник ние втор чекор презимаме. И понеделник и вторник ќе треба да се правда и среда више ќе има финале.
ГЈ: И ќе му збоктиса
НТ: И толку е, толку е.
ГЈ: Толку е више, заврши кампањава.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник
НН: Ало
ГЈ: Ало.
МЈ: Попизделе комуњариве, на нетови, нивниве новинари.
НН: Како?
МЈ: Ова е брука, се допре дното за писмава.
НН: За што?
МЈ: За писмава што ги пуштивме. Фалсификат, кривична, да одговараат…
НН: А, кај го читаш тоа?
МЈ: По фејцбуци, по твитер, оној Саше Аналитико, Мери што го правеше прилогон, администрација, ако ти текнува, на времето.
НН: Ааа, а шо пишуе?
МЈ: Па за писмото. Дека сме го допреле дното, дека луѓето се сведувале на забавно, дека сме фалсификувале потпис, дека е тоа кривично дело.
НН: Како не, кривично дело.
МЈ: Инаку, не работеа лифтовите од сабајле.
НН: Не?
МЈ: Не.
НН: Сега идам тука баш кај мене, да видам што се дешава. Што ќе се дешава брат?
МЈ: Че попиздат овие.
НН: Добро иде сеа?
МЈ: Не знам, че видиме.
НН: Ти кај си?
МЈ: Ама, лифтовиве не работат, хахаха.
НН: Хахаха. Леле, ќе биде циркуз, ќе викаат, ќе умрат.
МЈ: А?
НН: Ќе викаат, ќе умрат.
МЈ: Може да слезат од 15 спрат стариве? Не?
НН: Не бе, какво слегување.
МЈ: А?
НН: Не бе, шо ти е на тебе. Кај мене куливе, еве ги, штама е. Чоек нема надвор. У п…у матер. А, за писмово ако го дале, а добар погодок, значи.
МЈ: Че видиме, лоши се коментарите сеа.
