Средношколкиоѕ пленум најостро ги осудува оние кои преку валкана кампања сакаат да ја минимизираат нивната борба за подобро образование. На сликите кои ги испратија до медиумите членовите на средношколскиот пленум, стојат имиња на нивни члeнови со објаснување дека за секој протест земале по 10.000 денари.
Рекацијата на Средношколскиот пленум ви ја пренесуваме во целост:
„Средношколскиот Пленум најостро ги осудува овие најниски начини да се девалвира работата и активностите на поединци во Пленумот. Негативната кампања нема да ја сокрие вистинската слика за образованието во Македонија, таа само ја потврдува платформата на Пленумот која гласно говори за лошите реформи во образованието. Оваа оркестрирана акција врз членови на Пленумот го покажува дното кои може да го дофатат само оние кои бранејќи го својот интерес посегнале по туѓиот интегритет. Впрочем, вложеното во кампањата против Пленумот, покорисно би можело да се искористи во некоја хуманитарна акција во знак на поддршка на оние на кои им е потребно, наместо на оцрнување на борците за подобро образование“, стои во реакцијата на средношколскиот пленум.



