Почина уметникот Ристо Соколов Сокол

Од:

Денеска во Кавадарци почина познатиот ликовен уметник Рисот Соколов Сокол.

Неговиот пријател и соработник Марјан Тодорвски во спомен на Сокол пишува:

Се роди на Велигден 1957, замина на Свети Трифун 2015. Големиот мајстор на ликовната уметност Ристо Соколов Сокол. Денес престана да чука срцето на еден од најголемите и најпознатите македонски ликовни уметници, големиот ликовен иноватор, маестро на перформансите, учител на младите уметници, големиот кавадарчанец и пријател на убавото во животот.

1

Ристо Соколов Сокол е роден на 16 април 1957 година, во село Дреново, Кавадарци. Завршува средно уметничко и Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек графика во класата на проф. Димитар Малиданов и графички дизајн во класата на проф. Костадин Танчев Динка. Живееше и работеше во Кавадарци, Република Македонија, како слободен уметник.

2

Последната негова изложба насловена како “Ретро Арт – Нови моменти“ (12 декември 2014 – 12 јануари 2015, Музеј Галерија Кавадарци) ќе остане запаметена како најпосетувана изложба во историјата на ликовната уметност во Кавадарци.

3

Посмртните останки на Ристо Соколов Сокол ќе бидат изложени утре (недела, 15 февруари 2015) од 11 до 12 часот во Градската капела во Кавадарци. Погребот е во 12 часот на Градските гробишта во Кавадарци.