Почина деветгодишната Тамара од Велес

Од:

Деветгодишното девојче Тамара Димовска од Велес, утрово починала во болницата во Велес.

Тамара, која имаше искривување на рбетот и ја чекаше операцијата на сметка на државата без знаци на живот била пренесена во Велешката болница.

Неколку месеци наназад траеше битката за Тамара. Откако лекарите тврдеа дека на девојчето не и е потребна итна операција, по апелите и притисокот на јавноста министерот Никола Тодоров вети дека Тамара ќе биде оперирана на сметка на државата.

Но по ветувањето, целата постапка заглави во правната процедура, а мајката на девојчето секојднево алармираше за помош со објаснување дека нема време за чекање и дека состојбата од ден на ден се влошува. Операцијата чинеше околу 30.000 евра.

На социјалните мрежи се бара одговорност од министерот за здравство. Нема најавено прес на Тодоров, но изјава ќе даде советникот на директорот на Фондом за здравство.

Еве што стои во известувањето до медиумите:

Почитувани,
Поради големиот интерес во јавноста во врска со прашањата за осигуреното лице Т.Д., ве информираме дека денес, понеделник, 09 февруари 2015 година во 13:00 часот, во просториите на ФЗОМ, изјава ќе даде Бранко Аџигогов, советник на директорот. Покануваме ваша екипа да го проследи настанот.