ФОТО: Еве зошто Хосе Мухика е најдобар претседател

Од:

Гералд Акоста од Уругвај објавил фотографија на „Фејсбук“ која е доказ за неговото тврдење дека додека запирал автомобили на пат во југозападниот дел на државата, застанало возилото во кое бил претседателот Хозе Мухика и неговата сопруга и му понудиле да го превезат.

Тој вели дека требало да се врати во својот дом, па со кренат палец се обидел да сопре некој автомобил.

-Одев некое време, поминаа околу триесетина автомобили, но никој од нив не застана- раскажува Акоста и додава дека потоа пред него сопрел едно возило, зад кое имало друго и дека возачот му рекол дека може да го превезат до Анчорен, каде што се наоѓа претседателската резиденција.

Откако седнал во возилото сфатил дека во него е Лусиа Тополански, сопругата на претседателот Мухика.

До фотографијата која што Акоста ја поставил на „Фејсбук“ напишал дека покрај тоа што му понудиле помош, биле и многу љубезни.

Инаку ова не е прв ваков гест на уругвајскиот претседател кој што е познат по својата едноставност, непочитување на протоколот и скромниот живот.

Е. Г.