Денеска попладне избувна пожар на балкон во стан во зградата на улицата „Петар Делјан“ во населбата Кисела Вода во Скопје.
Пожарот избувнал околу 13:20 часот, а противпожарните екипи веднаш интервенирале.
Според првичните информации, нема повредени, но повозрасната жена во чиј стан настанал пожарот била евакуирана.