Апелација пресуди: Две години затвор за новинарот Кежаровски

Од:

Новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затвор.

Пресудата на Апелациониот суд, попладнево е испратена во Основниот суд Скопје 1, кој ја објави на својата веб страна.

Кежаровски во процесот „Ликвидација“ беше обвинет и осуден за издавање на идентитет на заштитен сведок, кој подоцна призна дека под присила бил натеран лажно да сведочи.

Кежаровски доби 4,5 години затвор во првата пресуда, а по жалбата Апелација повторно одреди затворска казна од 2 години.

Кежаровски беше во притвор, а потоа доби домашен притвор. До издржување на целосната казна, која е правосилна остануваат уште три месеци.

Јавноста, медиумите и меѓународни новинарските организации бараа ослободителна пресуда за новинарот Томислав Кежаровски.

Во прилог и соопштението од судот:

Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска 15.01.2014 ја достави пресудата со КОКЖ 22/14 донесена по одржаната јавна седница на 21.11.2014 година за предметот на Кривичниот суд со КОК 51/13 во јавноста познат како „Ликвидација“ со која генерално ја потврди првостепената пресуда, со тоа што е преиначени во делот за следните обвинети:

На обвинетиот Иле Танев му утврдил единствена казна затвор во траење од 1 години и 6 месеци затвор.

Обвинетиот Валентин Зафиров му утврди казна во траење од 2 години и 6 месеци затвор.

Обвинетиот Томислав Кежаровску му утврди единствена каза во траење од 2 години затвор.

Обвинетиот Ивица Ефремов му утврди единствена казна во траење од 3 години затвор.

Обвинетиот Борис Николовски му утврди алтернативна мерка Условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку истиот во следните 3 години не стори ново кривично дело

Обвинетиот Сашо Лазаревски му утврди алтернативна мерка Условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку истиот во следните 3 години не стори ново кривично дело

Воедно Апелациониот суд, ги уважи жалбите на обвинетите Иле Танев и Сабедин Џими Хофман за крвичното дело Примање поткуп од член 357 од КЗ така што предметот го врати на повторно постапување и одлучување само во овој дел.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.