Иванов со истиот став и пред „контрапленумот“

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов на средбата со преставниците на „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“, го повторил ставот од вчера, дека дијалогот, размената на идеи и на иницијативи е единствениот начин што може да доведе до успешна трансформација на високото образование.

Иванов изразил жалење што била одбиена иницијативата за одржување заедничка средба на претставниците на „Професорски пленум“, на „Студентски пленум“ и на „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“.

Тој и на овие професори, како и на професорите од „Професорски пленум“, им изразил загриженост за тенденцијата на поделби во академската заедница.

Претседателот Иванов и преставниците на инцијативата се согласиле за неопходноста од спроведување реформи и потребата од квалитетно високо образование. Од „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“ ги образложиле своите видувања во врска со предложените законски измени.

Мета