ФОТО: Наместо патници македонските возови превезуваат снег

Од:

Патувањето со воз најчесто на релaција Велес-Скопје-Велес е секојдневие за велешани кои работат, студираат или учат во главниот град.

Но, во какви услови патуваат патниците кога надвор врне снег а температурите под нулата?

До редакцијата на VelesTvOnline.com пристигнале фотографии на кои се гледа дека македонските возови наместо со патници полни се со снег.