Професори од контра-пленумот си добија тезги, се разбираат и во филм. Татјана Каракамишева која е најгласна во одбрана на владата, последно и на државниот испит е повторно на оваа листа.
Таа е поставена со решение за претседател на комијата за подготовски на јавната научна установа Институт за филм-Филмска академија во Охрид.
Претходно Каракамишева беше поставена во надзорниот одбор на Македонски пошти. На листата како членови на комисијата се избрани и Валентина Божиновска, Жарко Башевски, Бранислав Саркањац, Никола Жежов.
Документот е објавен на фан страната на потпретседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска со коментар
– Освен за „Пошти”, Каракамишева била експерт и за филм! Видете како власта купува контра-пленумци.