ВИДЕО: Ова се најстрашните терористички напади во Европа

Од:

Во последните 30 години граѓаните на Европа доста често беа мета на екстремистите. Иако монструозен масакрот на француските карикатуристи во „Шарли Ебдо“ не е најкрвавиот напад во последните две децении.

Доволно е да се потсетиме на монструозното злосторство во Норвешка, кога Андерс Брејвик уби 77 лица, на нападите на Ал Каеда во Лондон, како и на терористичкиот напад во Мадрид кога беа убиени 191 и повредени 2.000 лица.

Во мај минатата година во центарот на Брисел, кај Еврејскиот музеј имаше пукотница во која настрадаа четири лица. Новинарите на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ беа на мета на екстремистите и во 2011 година, кога на редакцијата беше фрлен молотов коктел, но за среќа тогаш никој не беше повреден. Не смееме да ги заборавиме ниту терористичките напади кои екстремистите ги извршија во Русија. Еден од најстрашните беше нападот во 2011 година, на најголемиот аеродром во Москва „Домодедово“ кога загинаа 35, а беа повредени повеќе од 130 лица.

Во 2003 година во Истанбул беше нападнат британскиот конзулат и експозитурата на ХСБЦ банка, при што загинаа 27, додека бројот на повредени изнесуваше околу 400 лица.

Франција односно Париз беше на мета на терористите и во 2005 година, кога експлозија на бомба поставена на станица на метро однесе осум животи, а во таа прилика беа повредени 150 лица.

Најсмртоносниот напад во Европа се случи во 1988 година, кога над Локерби во Шкотска експлодираше авион на „Пан Ам“ при што загинаа 259 лица во леталото и уште 11 на земја. Нападот беше нарачан од иранските власти, а го изврши сириска терористичка организација.

Е. Г.